Колумбискиот интернационалец Луис Дијас е следната цел на саудискиот клуб Ал-Наср. По одличната сезона во дресот на Ливерпул, Дијас го привлече вниманието на неколку европски и неевропски гиганти, меѓу кои и Барселона, но според последните информации, Ал-Наср подготвува конкретна понуда за негов ангажман.
Дијас има уште две години од договорот со Ливерпул, кој го потпиша во јануари 2022 година по трансферот од Порто. И покрај неговата важна улога во тимот оваа сезона, англискиот клуб сè уште не започнал преговори за продолжување на договорот. Ова ја отвора можноста Ливерпул да размисли за негова продажба, особено ако пристигне богата понуда.
Во меѓувреме, Црвените од „Енфилд“ силно се поврзуваат со германскиот репрезентативец Флоријан Вирц од Баер Леверкузен. Според извори блиски до клубот, се работи за потенцијално рекорден трансфер за Ливерпул, кој би можел да ја надмине и сумата платена за Вирџил ван Дајк.
Ал-Наср, од своја страна, активно работи на засилување на тимот за сезоната 2025/26. Покрај интересот за Дијас, клубот се поврзува и со 22-годишниот Мојсес Каиседо од Челзи, кој ја заврши сезоната во одлична форма, вклучувајќи и погодок во финалето на Конференциската лига. Сепак, лондонскиот клуб нема намера да се откаже од еквадорскиот играч, кој останува важен дел од проектот на менаџерот Енцо Мареска.