Кристијано Роналдо во јануари ќе потпише за саудискиот Ал-Наср, но само ако дефинитивно отпадне варијантата Португалецот да си најде клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите.
Неговиот агент Мендеш со сите сили се бори да му најде топ европски клуб на својот кумашин и клиент, а вчера го известил Ал-Наср дека ги прекинува разговорите со нив.
Најновата информација која кружи е дека Роналдо има понуда од клуб кој е осминафиналист во ЛШ и тајно преговара со него. Не е познато кој е клубот, а ако пропадне и таа опција, Роналдо го чека супер богатата понуда од Ал-Наср и да замине во првенството на Саудиска Арабија.