Ал-Наср не сака да игра во Техеран за да го заштити Кристијано Роналдо

Ал-Наср и Кристијано Роналдо во понеделник треба да му гостуваат на иранскиот Естеглал во Техеран, во меч од осминафиналето од азиската Лига на шампиони. Клубот од Саудиска Арабија испратил барање мечот да се игра на неутрален терен за да го заштитат Кристијано Роналдо од навивачите во Иран.

„Поради лошото искуство на Роналдо во Техеран на последното гостување, натпреварот мора да се игра на неутрален терен“, напишале од Ал-Наср во барањето до Естеглал.

Ваквото барање веднаш било одбиено и од иранскиот клуб, но и од претседателот на Фудбалскиот сојуз на Иран, од каде што најавиле максимални мерки на безбедност.

Во септември 2023 година, Ал-Наср гостуваше кај Персеполис во Техеран и се случи вистинска навивачка инвазија по Кристијано Роналдо. Илјадниците навивачи беа пред хотелот, а дел од нив дури и упаднаа внатре.

- Оглас -

Најнови вести