26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Ал-Наср не запира: По Феликс и Ињиго тргнува и по ѕвездата на Баерн Минхен

Ал-Наср летово веќе ги ангажира Жоао Феликс од Челзи и Ињиго Мартинес од Барселона, но раководството на клубот од Саудиска Арабија нема намера да запре тука. Сега на врвот од листата на желбите е ѕвездата на Баерн Минхен, Кингсли Коман, а според Фабрицио Романо, преговорите веќе се во тек.

Французинот има договор до 2027 година, а во моментов се проценува дека вреди 30 милиони евра, што не би требало да претставува проблем за Арапите.

Овие потези на клубот од Саудиска Арабија јасно ставаат до знаење дека планот е да стави крај на постот и да се нападнат сите трофеи во натпреварувањата во кои ќе настапи Ал-Наср оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести