Екипата на Ал-Наср направи голем кикс и не успеа да победи против Ал-Феиха на гостински терен. Гостите предводени од Кристијано Роналдо никако не успеаваа да го пронајдат патот до голот на српскиот голман Владимир Стојковиќ и натпреварот заврши без голови, 0-0.
Иако фудбалерите на Ал-Наср во текот на целиот натпревар напаѓаа, сепак, според мислењето на многумина, Роналдо вечерва го одигра еден од најслабите натпревари откако се пресели во Саудиска Арабија.
Затоа и не изненадува реакцијата на Португалецот по завршувањето на натпреварот, кој имаше што да им каже на фудбалерите на Ал-Феиха, а потоа луто ја извади капитенската лента и се упати кон соблекувалната.
رونالدو بعد نهاية المباراة#الفيحاء_النصر | #SSC pic.twitter.com/qVRsRFK2iU
— شركة الرياضة السعودية SSC (@ssc_sports) April 9, 2023