Ал-Наср нуди и златни прачки во новиот договор на Роналдо

Раководството на саудискиот Ал-Наср ќе направи сè што е во нивна моќ за да го задржи Кристијано Роналдо во своите редови и по крајот на оваа сезона.

Португалецот е најпопуларниот спортист на светот според бројот на следбеници на социјалните мрежи, тој е големото рекламно лице на клубот и јасно е зошто не сакаат да го испуштат.

Во последните неколку недели интензивно се зборува дека двете страни се подготвени да започнат преговори за обновување на актуелниот договор на играчот, а добрата вест за саудискиот клуб е дека 40-годишниот фудбалер е подготвен да остане.

Целта на Роналдо е настап на претстојниот Мундијал следната година и неговиот нов договор со клубот од Ријад најверојатно ќе биде за период од една година.

Ал-Наср е подготвен да му понуди на Роналдо годишна плата од 200 милиони евра, што е околу 3,8 милиони евра неделно. Покрај тоа, клубот вклучи и куп други клаузули и спонзорски договори кои можат значително да го зголемат наградувањето на играчот. Според некои извори, Роналдо според договорот треба да добие и одредена количина злато.

- Оглас -

Најнови вести