Ал-Наср објасни зошто Роналдо се држел за меѓуножјето додека му скандираа „Меси, Меси“

Кристијано Роналдо и Ал-Наср загубија од Ал-Хилал во дуел кој се смета за најголемо фудбалско дерби во Саудиска Арабија. По овој пораз, Ал-Наср само дополнително си ја закомплицира работата во трката за титулата во првенството.

По завршување на мечот, навивачите на Ал-Хилал го испратија Роналдо со скандирање „Меси, Меси“, а Португалецот не остана должен. На некултурен начин, Португалецот се фати за меѓуножјето.

Дел од Саудијците се почувстуваа навредени поради овој потег на Роналдо, а адвокатката Ниф Бин Ахмед најави дека ќе покрене кривична пријава и петиција за депортација на Роналдо од Саудиска Арабија.

За да се смири целата оваа неочекувана ситуација поврзана со Роналдо, со официјално објаснување се јавија од неговиот клуб Ал -Наср.

„Роналдо се жали на повреда. Дуелот со Густаво почна така што тој беше удрен во многу чувствително место. Секој може да мисли што сака, но ова е службена информација“, објаснија од Ал-Наср.

- Оглас -

Најнови вести