Саудискиот гигант Ал-Наср, каде веќе три години игра Кристијано Роналдо, сега сака да го купи играчот од средниот ред на Челзи, Мојсес Каиседо. Според „The Telegraph“, Каиседо е главна трансфер цел на Ал-Наср за ова лето. Челзи најави дека нема да го пушти Еквадорецот за помалку од 100 милиони фунти.
Каиседо, кој дојде во Челзи од Брајтон во летото 2024 година и тоа за рекордни 115 милиони фунти. Тогаш беше потпишан долгорочен договор на осум сезони. Иако првично наиде на тешкотии под водство на Маурисио Покетино, Каиседо успеа да се вклопи во тимот на Челзи и сега е еден од клучните играчи под водство на новиот тренер Енцо Мареска.
Сезонава Каиседо е играчот со најмногу минутажа за „сините“, а 23-годишниот играч од средниот ред има еден гол, две асистенции и девет жолти картони, но импресионира со константноста на неговата игра.
„Тој е еден од најдобрите, ако не и најдобриот дефанзивен играч за врска во светот во овој момент. Тој игра фантастично“, изјави Мареска неодамна.
„Најдоброто нешто во врска со Мојсес е тоа што тој работи напорно секој ден. Тој е исклучително скромна, љубезна и добра личност. Тој е едноставно одличен“.
Доколку Ал-Наср одлучи да даде официјална понуда, тој трансфер сигурно би бил еден од главните во летниот преоден рок.