Ал Наср шокиран на домашен терен, Роналдо збесна: Португалецот се караше со судијата, ја шутна топката на трибини (Видео)

Екипата на Ал-Наср неочекувано загуби на свој терен од Ал-Етифак со 2:3, иако домаќините беа големи фаворити за победа. Ал-Наср во чии редови цел меч одигра Кристијано Роналдо имаа и предност од 1:0, а потоа и 2:1, но во финишот на средбата неочекувано примија два гола и загубија со 2:3.

По третиот примен гол во 89 минута, соиграчот на Роналдо, Џон Дуран кој неодамна дојде од тимот на Астон вила, турна еден противнички играч. Судијата тоа го виде и му даде директен црвен картон на Дуран за неспортскиот потег кој го направи.

Тогаш реагираше Роналдо, почна да се кара со судијата, а потоа Португалецот во немоќ ја шутна топката кон трибините на стадионот.

По овој пораз, Ал-Наср уште повеќе ги намали шансите за освојување на титулата во првенството на Саудиска Арабија. Тимот на Роналдо има 44 бодови од 21 меч, лидерот Ал-Итихад веќе има освоено 52 бодови и тоа до 20 натпревари.

Вечерва се игра дербито во Саудиска Арабија меѓу лидерот Ал-Итихад и актуелниот првак Ал-Хилал кој е втор на табелата.

- Оглас -

Најнови вести