Хенес знае каде е проблемот: Алаба е прекрасен човек, но има крволочна пирана за менаџер

Ули Хенес го нападна вербално менаџерот на Давид Алаба, Пини Захави и го обвини дека тој е главниот виновник за сагата што се уште трае со австрискиот репрезентативец и стандарден член на актуелниот европски клупски првак.

„Сакаме Давид да остане во Баерн. па игра во најдобриот клуб на светот, каде може да му биде подобро. И Ханси Флик јасно истакна дека Алаба е важна алка во машинеријата на Баерн. Давид е супер фудбалер и човек, но има крволочна пирана за менаџер. Захави го интересираат само парите и е незаситен“, вели првиот човек на Баерн.

Алаба според Хенес е под големо влијание на Захави, кој е еден од најдобрите менаџери на планетата и сака да го префрли својот клиент во друг клуб.
Шанса за такво нешто чекаат Пари Сен Жермен и Јувентус, а Алаба би бил добредојден во секој клуб на светот, бидејќи е еден од најдобрите десни бекови на денешницата, а во последно време игра исклучително добро и како стопер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести