-5.2 C
Skopje
понеделник, 19 јануари 2026

Алаба ја игра последната сезона за Реал Мадрид, неговата плата е вистински проблем за Кралевите

Репрезентативецот на Австрија, Давид Алаба, во 2021 година како слободен фудбалер пристигна од Баерн Минхен во Реал Мадрид и се очекуваше да биде големо засилување за Кралевите.

Сепак, повредите, а пред сè, проблемите со коленото не му дозволија да го даде максимумот, а Реал Мадрид очајно се обидуваше да се ослободи од него летово. На крајот австрискиот репрезентативец остана во Мадрид, но ова за него ќе биде последна сезона на „Сантијаго Бернабеу“.

Бруто-платата од 25 милиони евра годишно е вистински проблем за раководството на Реал Мадрид и фудбалерот веќе е известен дека следното лето може да си замине како слободен агент, иако Алаба побарал да му биде дадена шанса и да остане уште една сезона во Кралскиот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести