Алаба направи голем грев и се најде на удар на навивачите на Реал Мадрид

Светската фудбалска федерација (ФИФА) вчера во Париз организира свечена церемонија на која беа доделени наградите за најдобрите фудбалери и фудбалерки за минатата година, на која признанијата кај мажите ги однесоа Аргентинците, а дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, со својот избор ги налути навивачите на Кралевите.

Очекувано, Лионел Меси, кој со Аргентина стана светски шампион, беше прогласен за најдобар фудбалер за 2022 година и нема ништо спорно во неговиот избор, додека на второто и третото место се најдоа Французите Килијан Мбапе и Карим Бензема.

Навивачите на Реал Мадрид му се лути на Алаба бидејќи како капитен на селекцијата на Австрија и тој учествуваше во гласањето и не му помогна на соиграчот. Имено, Алаба најмногу гласови, пет, му даде на Меси, три му даде на Бензема, а еден на Мбапе.

Поради тоа, на социјалната мрежа „Твитер“ вчера се појави „хаштаг“ – Алаба Аут, во кој повеќе од 7.000 фанови на Реал Мадрид побараа дефанзивецот да биде продаден на крајот од сезоната бидејќи не му даде најмногу гласови на Бензема, туку на Меси.

Самиот фудбалер преку социјалните мрежи даде објаснување зошто Меси, а не Бензема доби највеќе гласови во изборот на ФИФА. Дефданзивецот откри дека тој не гласал сам, туку заедно со останатите колеги од австриската репрезентација.

„Целата австриска репрезентација гласаше, а не само јас. Секој што се наоѓа во репрезентација има прави да даде свое мислење и така беше донесена одлуката. Сите знаат колку го почитувам Карим“, напиша Алаба на Твитер.

 

- Оглас -

Најнови вести