Алаба нема да игра, но Реал ќе биде со поцврста одбрана отколку во Манчестер

Враќањето на Касемиро во средниот ред на Реал Мадрид е најдобрата вест која можеше да ја има тренерот Карло Анчелоти пред вечерашната битка со Манчестер сити.

Касемиро го пропушти првиот меч, па неговото неиграње се почувствува, Крос не можеше да ја покрие празнината и Сити лесно создаваше шанси. Со Касемиро на терен, Реал ќе биде поцврст, а и Крос ќе биде попродуктивен.

Кралевите ќе добијат цврстина и во одбраната бидејќи вечната резерва Начо ќе игра на местото на технички подобриот Алаба, кој е повреден. Иако Алаба е стандарден стартер, Начо во одбрана не е ништо полош од Австриецот и секогаш се истакнува со борбеност.

Од друга страна, и Манчестер сити има право да верува дека нема да прими многу голови. На првиот меч им фалеше Кајл Вокер, па брзиот Винисиус имаше полесна задача со играчите кои покриваа како десни бекови. Сега Винисиус, кој даде гол на првиот меч, може да биде неутрализиран од Вокер и тоа да биде проблем.

- Оглас -

Најнови вести