Алаба потпишал преддоговор со Реал Мадрид

Одбранбениот фудбалер на Баерн Минхен, Давид Алаба, има преддоговор со Реал Мадрид, тврди најтиражниот шпански спортски весник „Марка“. Австриецот налето си оди од Баерн, после 11 години во клубот си заминува и тоа како слободен играч, и ќе потпише четиригодишен договор со Реал.

Според „Марка“, Алаба веќе минал лекарски прегледи во присуство на доктор од Кралскиот клуб од Мадрид и потпишал пред-договор како еден вид гаранција дека 28-годишниот фудбалер нема да ги извиси после 30-ти јуни.

На 408 меча за баварците, Алаба има 32 гола и 49 асистенции, освои 25 трофеи од кои два во Лигата на шампионите. Алаба може да игра и како лев бек, дури и како дефанзовен играч на врска, физички е силен, со добра техника и тоа ги привлече мадриѓаните. Со договорен Алаба, на Реал стратешки му се олеснува позицијата при преговорите за продолжување на соработката со капитенот Серхио Рамос. Во 2022 договорите им истекуваат на Варан и Начо, а Милитао не се наметна, па на клубот му треба еден ваков трансфер.

- Оглас -

Најнови вести