Двајца од тенисерите кои се во Топ 3 во моментов на АТП листата, Карлос Алкарас и Александер Зверев се пожалија дека сезоната е пеколно тешка и дека има многу турнири за играње. Зверев и Алкарас се дел од Лејвер Купот, а двајцата коментираа дека мора нешто да се промени во распоредот.
Зверев е тенисерот кој во 2024 година одигра најмногу мечеви, дури 73.
„Тенисот ја има најдолгата сезона во сите професионални спортови. јунајтед купот започнува на 27 декември, а мастерсот во Торино завршува на 20 ноември. Кој игра во завршицата на Дејвис купот, сезоната му е уште подолга. Немаме време за одмор, да го подготвиме телото. да ги одмориме мускулите. Не може да се случи еден месец да го оставиме рекетот, затоа што мора да бидеме подготвени за тешката сезона. Во наредните неколку сезони ќе бидат додадени уште неколку задолжителни турнири. Тоа буквално ќе нѐ убие“, вели Зверев.
На исто размислување со Зверев е и Алкарас.
„Некои мислат дека сегашниот календар е добар, но има и многу меѓу кои и јас, дека има премногу задолжителни турнири. Во наредните години ќе има уште повеќе. Поради ова темпо, тенисерите често се повредуваат, сезоната е многу долга. Тенисерите треба да имаат време да поминат и со свите семејства, едностано да имаат живот и надвор од теренот“, вели Алкарас.