Алан Ширер: Не сум доживеал ваква атмосфера никогаш досега

„Никогаш досега не сум доживел ваква амтосфера, а настапував многупати и тука на ‘Енфилд роуд’ и на многу други терени. Ова е неповторливо“, изјави Алан Ширер по историскиот меч и камбек на Ливерпул вечерва и победата од 4-0 за елиминација на Барселона.

Гостите допатуваа на легендарниот стадион со голем капитал од 3-0, домаќините имаа и големи кадровски проблеми со неиграњето на Мо Салах и на Роберто Фирмињо, но ги надминаа сите проблеми и приредија спектакуларен подвиг.

На спротивната страна имаше само молк, по втората елиминација по ред во ЛШ, со предност од 3 гола по првиот меч. Лани Барселона прокоцка 3 гола предност против Рома и испадна со пораз од 0-3, откако во Рим допатува со предност од 4-1.

„Им се извинувам на навивачите на Барселона за новиот дебакл. Две години по ред со вакви шокантни порази и елиминации е премногу“, изјави Бускетс.

Ливерпул ќе патува во Мадрид на финалето закажано за 1 јуни на „Ванда Метрополитано“, а го чека подобриот од утрешниот реванш меѓу Ајакс и Тотенхем. Во Амстердам домаќините ќе го почнат реваншот со предност од 1-0.

- Оглас -

Најнови вести