34.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Аларм кај Атлетико: Лидерот во Примера вчера не тренираше, а вечерва игра меч

Атлетико Мадрид сезонава игра одлично и е лидер во Примера дивисион дури со седум бода повеќе од најголемите ривали Реал Мадрид и Барселона. Јорганџиите вечерва на свој терен ја пречекуваат Селта Виго и се надеваат дека ќе ја вратат двоцифрената позитива во однос на ривалите.

Најголем противник на Атлетико во овој период е корона-вирусот. Во последните триесетина дена многу играчи беа позитивни на опасниот вирус, а по направените последни тестирања се претпоставува дека ќе има и нови позитивни случаи. Како превентива, Симеоне го одложи последниот тренинг пред мечот со Селта, а во текот на денот може да очекуваме листата на заразени да биде зголемена.

Моментно корона-вирусот го „прележуваат“ Дембеле, Хермосо и Жоао Феликс и тие тројца заедно со суспендираниот Трипие нема да играат против Селта, која има 25 бода, односно точно двојно помалку од лидерот Атлетико. Јорганџиите сезонава на свој терен се речиси перфектни и во досегашните 10 средби имаат девет победи и само еден нерешен дуел, без пораз и само три примени гола.

 

- Оглас -

Најнови вести