Аларм пред дуелот со Холандија, капитенот Пандев не се појави на тренинг! (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација која в понеделник ќе го игра својот последен натпревар на Европското првенство, за дуелот со Холандија, во ветровито и облачно време се подготвува на тренинг центарот на Ајакс во Амстердам.

Она што можеше да се забележи беше отсуството на капитенот Горан Пандев. Пандев не тренира поради повреда на зглобот, и лекарскиот тим прави напори да го оспособи за настап в понеделник на „Јохан Кројф“ арената. Капитенот е на третман откако почувствувал болка, па затоа не тренира, иако првично било планирано и тој да се појави на терен со останатите.

- Оглас -

Најнови вести