Аларм за Англија: Фил Фоден ненадејно го напушти репрезентативниот камп!

Ѕвездата на англиската фудбалска репрезентација Фил Фоден привремено го напушти кампот на националниот тим кој е дел од Европското првенство во Германија. Ова го потврдија и од фудбалската федерација на Англија (ФА), без да дадат подетални информации.

„Фоден доби дозвола да се врати во Англија. Има неодложни семејни обврски“, стои во соопштението од ФА.

Според пишувањата, може да се случи Фоден навреме да се врати во репрезентацијата за дуелот од осминафиналето на континенталниот турнир на кој Англија мечтае дека прв пат во историјата ќе го освои златото.

Фоден беше стартер на сите три меча од групната фаза, а на трибините имаше поддршка од членови на неговото семејство.

- Оглас -

Најнови вести