Аларм за Бразил, Нејмар во солзи (Фото)

Нејмар на мечот со Србија претрпе девет прекршоци, со што е најфаулираниот фудбалер во првото коло на Светското првенство во Катар, а кога излезе од игра по еден удар што го доби во глуждот, на клупата беше во солзи и ги загрижи своите сонародници.

Лекарите веднаш почнаа со третман на ногата, а очигледно е дека Нејмар имаше болки и останува да се види дали ќе може да игра во второто коло против Швајцарија.

Се гледа и хематом на ногата.

- Оглас -

Најнови вести