6.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Алармантно: Активното играње фудбал на еден меч во Шпанија е само 55 минути

Во најсилните фудбалски првенства во Европа моментално е пауза поради репрезентативните дуели во квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Додека се комплетираат квалификациите, во Шпанија се појави податок за тоа како се одвивало темпото на игра во последното одиграно коло во Примера дивисион.

Тоа што можеше да се забележи е дека само на два од 10-те натпревари кои се одиграа, активно играње на теренот имало повеќе од еден час. Најмногу активно играње имало на највозбудливата пресметка, меѓу Селта Виго и Барселона. Гостите победија со 4:2, а од вкупно 104 минути и шест секунди поминати на теренот пред судијата да означи крај, активно играње имало 65 минути и 41 секунда. Останатите речиси 40 минути поминале во разни прекини и неактивно поминато време на теренот.

Над 60 минути активно играње имало само уште на мечот меѓу Еспањол и Вилјареал, 65 минути и 28 секунди.

Од сите мечеви кои се одиграа, најмалку активно играње е забележано на дуелот меѓу Севилја и Осасуна. Од 100 минути и 25 секунди поминати на теренот, фудбалерите активно играле само 45 минути и 23 секунди, односно само 45,2 отсто од времето.

Просекот за активно играње на фудбал во ова коло во Примера дивисион беше 55 минути и 54 секунди, што е во рамките на просекот за оваа сезона, кој изнесува 55 минути и 14 секунди.

- Оглас -

Најнови вести