1.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Алармантно е колку малку играат македонските репрезентативци, до мечот со Данска мора нешто да се смени

Македонската фудбалска репрезентација на најлош можен начин ги заврши квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година откако со 7:1 загуби на гости во Кардиф од Велс. Тоа е и последен меч за Македонија во 2025 година, што значи дека репрезентативците се вратија на клупските обврски.

Македонските репрезентативци кои како стартери или потоа како резерви од клупата влегоа на дуелот во Кардиф ги одработија првите клупски обврски по дебаклот од Велс. Според тоа каков ефект имаа македонските репрезентативци, факт е дека ситуацијата е алармантна.

Од 11-те стартери во Велс, викендов само четворица беа стартери во своите екипи. Стартери беа играчи кои играат во првенствата на Кина, Обединети Арапски Емирати, Турција и Македонија.

Македонија уште мечтае дека може да игра на СП 2026, првиот бараж е во март на гости кај Данска.

Ефектот на македонските репрезентативци кои играат во Кардиф против Велс во дебаклот од 7:1.

СТАРТЕРИ

Елиф Елмас одигра 22 минути во победата од 3:1 на Наполи дома против Аталанта.

Бојан Миовски влезе на почетокот на второто полувреме дома против Ливингстон во победат од 2:1.

Андреј Стојчевски влезе во 65-тата минута за тимот на Словачко во победата дома од 2:0 против Злин.

Исник Алими го одигра целиот меч во поразот дома на Далијан Јингбо од Шангај Порт

Енис Барди беше во стартниот  тим на Коњаспор на домашен терен против Анталијаспор.

Тихо Костадинов остана на клупата за резерви во тимот на Сигма Оломуц во ремито 2:2 на гости кај Дукла Прага.

Стефан Ашковски ги одигра последните 30 минути за Раднички Ниш во ремито на свој терен против ТСЦ Башка Топола

Ѓоко Зајков го одигра целиот меч за Ајман во Обединети Арапски Емирати во ремито на гости против Ал-Васл.

Дарко Велковски повеќе од два месеци нема играно во тимот на Зрински

Бојан Илиевски одигра цел меч во победата на Струга на гости кај Работнички со 3:1.

Столе Димитриевски не брани во Валенсија

РЕЗЕРВИ

Дарко Чурлинов одигра 26 минути за Кочаелиспор на гости без голови кај Ѓозтепе

Лирим Ќамили влезе во 64-тата минута и даде гол од пенал во 90+10 минута за победа на Сондерјиске од 2:1 против Митјиланд.

Елмин Растодер одигра цел меч за Тун во поразот на свој терен од Лугано со 0:1.

Јани Атанасов беше стартер во тимот на АЕЛ Лариса на домашен терен против Офи Крит и играше до 62 минута.

Никола Серафимов одигра цел меч и даде гол за Левски во победата од 5:1 на гости кај Монтана.

- Оглас -

Најнови вести