35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Алармот е вклучен во Сити, Халанд повеќе не е страв и трепет за противниците

Манчестер сити вчера загуби со 1:0 во дерби-пресметката со Арсенал, а повторно бледо издание имаше напаѓот на Граѓаните, Ерлинг Халанд, со што ги загрижи и навивачите и луѓето во клубот.

Халанд веќе трет натпревар по ред не постигнува гол за Сити (Арсенал, Ред Бул Лајпциг, Вулверхамтон), а на вчерашното дерби против Арсенал беше буквално „ставен во џеб“ од Габриел и Вилијам Салиба.

Статистиката покажува дека против Арсенал, Халанд не доби ниту еден дуел со Салиба, а Манчестер сити само четирипати шутна на голот на Топчиите, што е најслаб учинок од април 2010 година.

„Ова не е начин на кој сакавме да одиме на пауза. Но, ќе закрепнеме заедно, како и секогаш“, објави Халанд по поразот.

- Оглас -

Најнови вести