1307 Алавес – Барселона (18.30 часот)
Алавес се наоѓа во серија од три победи во Ла Лига, ги совлада Алмерија (3:0), Кадис (1:0) и Севиља (3:2), но кога игра против Барселона, не може да биде фаворит. Барселона во средата оствари минимален триумф над Осасуна и експресно се опорави од убедливиот пораз од Виљареал (3:5). Алавес е редовен муштерија на Барселона која на последните 12 меѓусебни средби има 11 победи и едно реми. Во првиот дел од сезоната Барселона победи со 2:1, а минатата сезона како гостин победи со 1:0.
Предлог тип: 2 & 1+ второ (2.13)
3005 Фросиноне – Милан (18.00 часот)
Фросиноне со четирите бода кои ги освои во последните две кола избега од опасната зона на табелата во Серија А. Милан во последното коло одигра 2:2 против Болоња на „Сан Сиро“ и со тоа ја прекина серијата од четири победи во низа и на денешниот дуел ќе се прашува за сè. Последните пет натпревари на Милан во сите натпреварувања завршија 3+ и за очекување е и вечерва да одигра ефикасен натпревар на кој треба да ги освои трите бода. Во првиот дел од сезоната, Росонерите пред своите гледачи го совладаа Фросиноне со 3:1.
Предлог тип: 2 & 1+I & 1+ II (2.45)
1128 Њукасл – Лутон (16.00 часот)
Њукасл иако има големи проблеми со повредени играчи, четири дена приреди изненадување победувајќи ја Астон вила со 3:1 и тоа во Бирмингам. Лутон се наоѓа во добра форма, на последните пет меча во Премиер лигата и ФА купот нема пораз, оствари три победи и две ремија. Пред два месеци, Лутон приреди изненадување и го совлада Њукасл со 1:0, но на „Сент Џејмс парк“, се знае кој е фаворитот. Њукасл иако не игра во комплетен состав, игра ефискасно, на последните пет натпревари дава два или повеќе голови и за очекување е ефикасен да биде и денеска.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.06)
1957 Анталијаспор – Фенербахче (17.00 часот)
Фенербахче ја продолжува мртвата трка со Галатасарај за титулата во турскиот шампионат и не смее да си дозволи кикс иако игра против Анталијаспор која се наоѓа на шестото место на табелата. На последните две гостувања во Супер лигата, Фенербахче оствари две идентични победи од по 1:0 над Истанбул Башакшехир и над Газиантеп.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.55)
1126 Брајтон – Кристал палас (16.00 часот)
Брајтон во 2024 година е непрепознатлив, повеќе не е екипа која играше атрактивен фудбал и постигнуваше голови на сите натпревари. Во 2024 година, Брајтон одигра три натпревари во Премиер лигата и не постигна ниту еден гол, ремизира без голови против Вест хем и Вулверхамптон, а пред четири дена доживеа дебакл на гостувањето кај Лутон губејќи со 4:0. Кристал палас во последното коло го совлада Шефилд јунајтед со 3:2. Време е Брајтон да ја прекине традицијата и да се врати на атрактивниот фудбал.
Предлог тип: Т1 1+ I & Т1 2+ (2.40)