Алавес го сопре Атлетико Мадрид и освои важен бод во битката за опстанок

Алавес го сопре Атлетико Мадрид ремизирајќи без голови на домашен терен и освои многу важен бод во битката за опстанок во Ла Лига. Сега Алавес има 35 бода, идентично како и Жирона, а три повеќе од Лас Палмас, кој се наоѓа во опасната зона на табелата.

Атлетико Мадрид одамна ја загуби трката за шампионската титула, па тимот на Диего Симеоне и немаше преголеми мотиви, освен да игра за престиж.

Ова е втор последовен натпревар во Ла Лига на кој Атлетико Мадрид не успеа да постигне гол на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести