Алба и Бускетс си заминуваат од Барселона, а Чави најави дека е потребна замена само за еден од нив

Барселона по пауза од четири години повторно се радуваше на титулата во првенството на Шпанија и тоа беше најдобар можен начин од клубот да се простат Жорди Алба и Серхио Бускетс.

Алба на „Камп Ноу“ пристигна до 2012 година од тимот на Валенсија и повеќе од една деценија беше главен избор на левата бековска позиција. Бускетс уште од детските денови е во Барселона и тоа е неговиот единствен клуб. Сега двајцата си одат, а тренерот Чави Ернандес најави дека е потребно да се најде замена за еден од нив двајцата.

„Нема да бараме нов лев бек што треба да биде замена за Алба. Тука ги имаме Алехандро Балде и Маркос Алонсо. Имаме потреба за замена на Бускетс. Сепак, многу работи зависат од финансискиот ферплеј. Сакам да доведеме паметен фудбалер, кој ќе ги добива дуелите на средината од теренот“, вели Чави.

- Оглас -

Најнови вести