21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Алба нема да игра на следните три меча за Барселона

Барселона во следните две недели ќе биде без дефанзивецот Жорди Алба. Шпанскиот репрезентативец се повреди за време на првото полувреме во дуелот против Борусија Дортмунд и мораше предвреме да ја напушти играта. На негово место влезе Серхи Роберто.

По направените контроли, било констатирано дека Алба има повреда на бутниот мускул на левата нога и ќе мора да мирува во следните 15-тина дена. Јасно е дека тој нема да биде подготвен за дуелите од шпанското првенство против Гранада, Вилјареал и Хетафе.

Се очекува Алба повторно да биде во составот на Барселона за дуелот против Интер, во второто коло од Лигата на шампиони. Тој дуел се игра на 2 октомври на „Камп ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести