Албанија е на 45 минути од пласман на ЕП 2024

Репрезентацијата на Албанија најверојатно ќе биде учесник на Европското првенство во фудбал кое ќе се игра следната година во Германија, каде има доста нивни сонародници и нашиот западен сосед ќе може да смета на силна поддршка од трибините.

На Албанците вечерва им треба бод на гостувањето кај Молдавија, а по првото полувреме водат со 1-0, со голот на Сокол Цикалеши од пенал.

Во албанската репрезентација има двајца фудбалери родени во Македонија кои имаат и играно за македонската селекција во младите категории, тоа се Јасир Асани и Таулант Сефери (порано го имаше презимето Сулејманов).

Инаку, од оваа група во која Албанија е прва на табелата во моментов, битка за втората позиција водат Чешка и Полска кои вечерва играат меѓусебе. Чесите се во предност, бидејќи во последното коло играат дома со Молдавија, а ако вечерва Чешка освои барем бод, Полска уште вечер се простува од настап на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести