Албанија е првата селекција која пристигна на ЕП во Германија

Албанија е првата репрезентација која пристигна во Германија на Европскотo првенство, јави агенцијата ДПА. Селекцијата на Силвињо слета на аеродромот во Дизелдорф и беше пречекана од 50 албански деца кои вееја национални знамиња и пееја песни.

„Среќни сме што ќе бидеме дел од Европското првенство. Да го славиме фудбалот во наредниот месец“, изјави селекторот Силвињо.

Албанија е во група со Шпанија, Италија и со Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести