Балканското дерби помеѓу Албанија и Србија во Тирана заврши нерешено и без голови, веројатно на незадоволство и на двете селекции, со оглед на тоа дека се во група со големиот фаворит Англија, која квалификациите за пласман на Светското првенство ги запона со три победи на три натпревари.
Освен фрлањето тврди предмети од трибините и нема што фудбалско да се издвои од мечот во Тирана. Натпреварот во три наврати беше прекинуван за да бидат опоменати гледачите, кои и немаа некоја којзнае каква можност да гледаат добар фудбал.
Најголемата прилика за победа ја имаше Албанија и тоа во судиското продолжение на првото полувреме, кога Реј Манај не успеа да реализира пенал, односно неговиот удар беше одбранет од Петровиќ.
За разлика од мечот во Тирана каде немаше голови, Австрија и Холандија со победи ги започнаа квалификациите за Светското првенство. Двете репрезентации беа слободни во мартовскиот прозорец поради Лигата на нации. Австрија со 2-1 на домашен терен славеше над Романија, додека Холандија со чисти 0-2 победи на гостувањето кај Финска.