Турците и Чесите се дарежливи домаќини кога играат меѓусебе, традицијата ќе продолжи во Газијантеп

6869 Албанија – Ерменија (Пријателски меч, 17.30 часот)

Албанија има необична мака и ќе се обиде да ја надмине на пријателскиот дуел со Ерменците.

Откако ја изградија прекрасната фудбалска арена „Ер Албанија“ во Тирана не се радувале на триумф против било каква посериозна селекција со солиден рејтинг во Европа.

Ги победија Андора, Белорусија и Казахстан, а ако успеат денеска да ја надиграат Ерменија, тоа би била најдоброрангираната селекција што била поразена на новиот стадион во главниот град на Албанија.

Интересно, во меѓусебните дуели Албанците имаат повеќе успеси од Ерменците и биланс 3-1-1 и три победи по ред.

Ова е пријателски меч, нема што да се калкулира и ќе одиграме дека двете мрежи ќе се тресат денеска во Тирана.

Предлог тип: ГГ (2.14)

 

6053 Турција – Чешка (Пријателски меч, 18 часот)

Турција и Чешка се во Топ-50 на ранкингот на ФИФА и веројатно во Топ-10 најквалитетни селекции што нема да играат на Мундијалот во Катар.

И двете репрезентации играа баражи и беа елиминирани, па сега ќе бараат утеха во меѓусебен пријателски меч.

И имаат интересен тренд во меѓусебните мечеви и на последните четири секогаш победуваше гостинот.

По двапати тоа ги сторија и Турција и Чешка, а нема да биде чудо ако серијата продолжи и денеска во Газијантеп.

Предлог тип: Х2&2+ (2.26)

 

6870 Гибралтар – Андора (Пријателски меч, 18 часот)

Гибралтар во средата прекина мизерна серија од 23 меча без победа, а го надигра Лихтенштајн со 2:0 во пријателски меч.

Сега ќе се обидат да врзат две победи по ред во дуел со селекција што според квалитет им е тука некаде.

Андора е благ фаворит, но и тие можат да победат само селекција рамна на себе како Лихтенштајн, Сан Марино…

Двете репрезентации лани го одиграат првиот меѓусебен меч, беше пријателски и заврши без голови.

Нема да биде изненадување ако резултатот биде ист и денеска.

Предлог тип: Х (3.00)

 

6871 Косово – Фарски острови (Пријателски меч, 18 часот)

Чесите со петарда пред три дена ги потсетија Фарските острови дека се уште се во долниот европски дом на фудбалот, иако Фараните имаа нанижано четири меча без пораз.

Но и покрај поразот од 5:0 селекцијата на Фарските острови видливо напредува и веќе може да се носи рамноправно со репрезентации со повисок рејтинг од нивниот.

Иако Косово е меѓу последните земји во Европа што станаа рамноправни членки на УЕФА, тие имаат подобар квалитет, тим и играчи и се фаворити против Фарските острови.

Главната ѕвезда Ведат Муричи не играше против Ерменија во ремито 2:2 во средата, а и со Фарски Острови нема да настапи.

И без него домаќините се фаворити во Приштина, но тука ќе одиграме 2-3 гола според традицијата, бидејќи досега сите три меча што ги имаат играно ове две селекции завршија со голови во тој распон.

Предлог тип: 2-3 гола (1.95)

 

6723 Шведска – Алжир (Пријателски меч, 20.30 часот)

Шведска многу лесно го загуби финалниот бараж меч за настап на Мундијалот, а ги порази Полска со 2:0.

Тоа беше големо разочарување за Швеѓаните кои потоа завршија на последното место во Лигата на Нации во Б сегментот.

Очигледно е дека имаат смена на генерации, иако секогаш имале многу солидна и незгодна репрезентација.

Со победа против Мексико во Жирона најавија дека вртат нов лист, а сега ќе атакуваат на втора победа по ред, денеска во Малме против Алжир.

Пустинските лисици се во слична позиција како Шведска, а беа уште поголеми трагичари во баражите за СП:

Камерун ги победи на нивни терен во Блида со гол во 124. минута, односно во четвртата минута од судиското продолжение од продолженијата што вообичаено се играат до 120. минута.

Двете селекции бараат рехабилитација, имаа квалитетни играчи и типуваме дека ќе дадат барем по еден гол.

Предлог тип: ГГ (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести