33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Албанска мафија спречена во планот да ги ограби Меси и Надал

Криминална банда која изврши кражба вредна три милиони евра од летниот дом на ѕвездата на ПСЖ, Марко Верати, планирала да ги одграби домовите и на Лионел Меси и Рафаел Надал.

Полицијата во Шпанија уапси седум лица кои се одговорни за грабежот во куќата на бразилската легенда Роналдо на Ибица, која била изнајмена од верати за летниот период. Освен овој луксузен дом, крадците се одоговрни и за кражби во Аликанте, Малага и Мурсија.

Локален весник на Ибица пишува дека истата банда планирала да ги ограби и домовите на Меси, Надал, како и тие на легендите на Реал Мадрд, Гури и Фернандо Иеро.

„Службениците за спроведување на законот разбија криминална организација специјализирана за упад во луксузни вили, од кои некои им припаѓаат на познати фудбалери. Седум лица со албанско потекло се уапсени и обвинети за кражба на дизајнерски часовници и накит во вредност од околу 3 милиони евра. Тие биле украдени при упад во вилата на фудбалерот, а подоцна биле пронајдени во нивниот автомобил“, соопштија од полицијата.

Меси летово одморот го помина заедно со неговото семјество и семејството на неговиот добар пријател Луис Суарес. Тие имаа изнајмено приватен остров на Балеарските острови кој чини 300.000 евра неделно. Куќата која Меси ја има во Барселона се проценува на неколку милиони евра, со многу вреди предмети во неа.

- Оглас -

Најнови вести