Албанската судијка реши да ја „снема“ од социјалните мрежи за да може да напредува во кариерата

Една од најпопуларните фудбалски судијки во Албанија, Емануела Руста, реши да се заштити од сексистичките пораки кои ги добива додека е на теренот, но и надвор од него. Таа ги избришала нејзините профили од сите социјални мрежи и побара да ја гледаат на професионален начин.

Руста стана прва судијка од Албанија со знакот на ФИФА. Таа беше и прва жена која судеше на меч од албанската машка Суперлига, а во последните неколку месеци е активна и на меѓународна сцена. Денеска судеше на дуелот од Лигата на шампионите меѓу Спортинг Лисабон и Реал Мадрид. Во изјава за АФП, таа вели дека ѝ се смачило постојано да ги слуша и да ги чита коментарите за нејзиниот изглед.

„Треба повеќе да се фокусираат и да се занимаваат со мојот прифесионализам отколку со други работи. Морав многу да работам и да се борам за да бидам прифатена. Судењето не е прашање на полот, туку компетенција“, вели Руста, која додаде дека ѝ пречеле сексистичките наслови во дел од домашните медиуми.

Следната цел на Руста е да тргне по стапките на нејзината колешка Стефани Фрапар, која стана првата жена која судела меч од Лигата на шампионите кај мажите. Французинката судеше и на Европско и на Светско првенство за мажи.

- Оглас -

Најнови вести