Албански функционер уапсен поради 40 кражби во Шпанија, го ограбил и домот на Бензема!

Високиот функционер на албанската влада, Алфред Продани, уапсен е од албанската полиција во операција координирана од Интерпол по судската истрага во шпанскиот град Ла Коруња.

Продани треба да биде екстрадиран во Шпанија за да му се суди за наводен насилен грабеж во десетици домови во Шпанија од 2013 година наваму, вклучувајќи го и оној на Карим Бензема.

Францускиот голгетер беше ограбен на 27 февруари 2019 година, додека играше Ел Класико од Купот на Шпанија против Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Обвинетиот Продани со години бил директор на водовод во Курбин, а на функцијата дошол поради врски со албанската социјалистичка влада. Експремиерот Сали Бериша уште во 2019 година тврдеше дека обвинетиот со уште еден помошник ја ограбил куќата на Бензема, но Продани негираше.

- Оглас -

Најнови вести