10.8 C
Skopje
сабота, 8 ноември 2025

Албанскиот првак нема да загуби, косовскиот нема да победи, шампионот на Полска е апсолутен фаворит

6837 Партизани – БАТЕ Борисов (20:45 ч.)

Предноста на домашниот терен е за албанскиот првак, но БАТЕ Борисов е екипа која е во натпреварувачки ритам во првенството. Сепак, БАТЕ сезонава не игра на посакуваното ниво и освои само 22 бода од 14 кола, доволен факт кој ја покажува нивната ранливост.

Партизани игра дефанзивен фудбал, а и БАТЕ не е во некоја форма, па може да се очекуваат калкулации и меч со малку погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.07)

 

6708 Раков – Флора (20 ч.)

Повеќе од 100 години Раков чекаше да стане првак на Полска, па затоа сега игра во квалификациите за ЛШ. Флора е најсилен тим во Естонија, но тоа не е доволно за да се спротистави на денешниот ривал.

Првенството на Естонија е во полн ритам, а Флора има само еден пораз во последните 14 кола. Флора важи за екипа која игра офанзивно, но тешко дека ќе може да се спротивстави на полскиот ривал.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.11)

 

6709 Балкани – Лудогорец (20:45 ч.)

Балкани, кој е првак на Косово, е тим кој игра многу цврсто и најчесто има дуели со малку погодоци. Лудогорец има многу поголемо искуство со настапите во европските купови, па реално ја има и фаворитската улога на овој дуел.

Во последните 20 меча, Лудогорец е во низа од 17 победи и три нерешени, па бугарскиот тим сигурно ќе сака да ја продолжи добрата низа.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.09)

 

5624 Намибија – Боцвана (18 ч.)

Како ретко која африканска селекција, Намибија може да се пофали дека на последните пет меча секогаш имало погодоци во мрежите на двата тима, односно да е гол-гол.

Намибија има само еден бод по две кола и едноставно сега нема што да калкулира и треба да победи ако сака да се надева на влез во нокаут-фазата од КОСАФА Купот во Африка.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

4827 Росарио – Централ Кордоба (23:45 ч.)

Дуел од првенството на Аргентина каде што Росарио е осум позиции пред денешниот ривал, но има само седум бода повеќе, што значи дека разликата и не е толку голема. Росарио е само еден од двата тима кој сезонава нема пораз дома во најсилното првенство на Аргентина (осум победи и четири ремија).

Ако продолжи оваа одлична низа на домаќините, може да се очекуваат трите бода да останат во Росарио.

Предлог тип: 1 (2.04)

- Оглас -

Најнови вести