5.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Албанците се жалат дека и Србите скандирале против нив, но Словенец вели дека тоа е монтажа и ширење лаги (Видео)

Репрезентациите на Албанија и Хрватска се најдоа на тапет кај УЕФА поради навредливото скадирање на нивните фанови кон српскиот народ. За време на меѓусебниот дуел на Албанија и Хрватска, фановите на двете селекции скандираа „Уби Србин“, нешто што јасно се слушаше и за време на телевизискиот пренос.

Српската фудбалска федерација веднаш побара жестока казна за двете репрезентации. По тој скандал за навредливите скандирања од албански и хрватски фанови, се појави и едно видео за кое на социјалните мрежи на страната „Косово фудбал“ тврдат дека за време на дуелот меѓу Србија и Словенија имало скандирање против Албанците и тоа: „Уби и зак*ли Албанец да не постои“.

Сепак веднаш потоа се јави еден навивач на Словенија кој ги демантираше таквите тврдења на „Косово фудбал“.

„Брате јас седев веднаш до секторот со Србите. Тоа никогаш не се скандираше. Единствено скандирање „против вас“ беше „Косово Србија“. Престанете да ширите лаги.“, стои во пораката од словенечкиот навивач.

- Оглас -

Најнови вести