Фудбалерите на Унион Берлин ремизираа против Ајнтрахт Франкфурт (1-1) во 21-то коло од германската Бундеслига.
Дебитант на клупата на Ајнтрахт беше досегашниот тренер на Целје, Алберт Риера, кој го освои првиот бод на гостувањето во Берлин.
Натпреварот имаше мирен тек до 84-та минута, кога Натаниел Браун донесе водство за Ајнтрахт. Радоста на гостите траеше само три минути, откако Хејлунд заработи црвен картон и беше досуден пенал, од кој Леополд Куерфелд со малку среќа изедначи на 1-1.

