6.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Алберто Томба, Дебора Компањони и Софија Гоџа го запалија олимпискиот оган: Свечено се отворени ЗОИ 2026 во Милано и Кортина

Со свечена церемонија во Милано и Кортина д’Ампецо официјално започнаа 25-те Зимски олимписки игри. Церемонијата траеше три и пол часа и ја означи стартот на едно од најголемите спортски случувања во светот. Олимпискиот оган го запалија Алберто Томба и Дебора Компањони во Милано, како и Софија Гоџа во Кортина.

Првпат во историјата, церемонијата на отворањето се одржа на четири различни локации. Главниот спектакл се случи на легендарниот фудбалски стадион „Сан Сиро“ во Милано, додека паралелни настани и помали паради на спортисти се одвиваа во Кортина д’Ампецо, Ливињо и Предацо.

На свеченото отворање присуствуваше и македонската олимписка делегација.

- Оглас -

Најнови вести