Алчевски: Полска е на нивото на Холандија и Шведска

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година на тренинг-центарот „Петар Милошевски” во Скопје ги продолжува подготовките за двата контролни натпревара што ја очекуваат на почетокот на следниот месец.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовкси ќе одиграат две пријателски средби против Полска и Босна и Херцеговина. Првиот дуел против Полска е закажан на 1 јуни во Радом, а четири дена подоцна во Кониќ ќе играме со селекцијата на Босна и Херцеговина.

Стандардниот чувар на мрежата на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Марко Алчевски, даде свое видување и коментар за претстојните предизвици.

„Подготовките и тренинзите се одвиваат во најдобар ред, сите фудбалери сме подготвени да одговориме на задачите кои ни се дадени од селекторот и од неговиот стручен тим. Иако се работи за контролни мечеви, нè очекуваат два исклучително тешки теста. Полска е репрезентација која со својот квалитет е на рамниште како Холандија и Шведска. Тоа е мотив плус за нас да одиграме добар натпревар и да се надигруваме со силен противник. Мораме да го подобриме пристапот и фокусот во одредени моменти од мечот и да ги сведеме грешките на минимум бидејќи секоја квалитетна селекција ја користи секоја можна слабост во модерниот и брз фудбал. На овие контролни натпревари ќе се обидеме да се подобриме што е можно повеќе во сите сегмени од играта и да ја вратиме самодовербата по неколкуте лоши резултати, да се воиграме подобро и да покажеме и да докажеме дека победата во провото коло против Шведска на гостински терен не беше случајна“, вели голманот Алчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести