Ливерпул со 2-1 го доби дербито на 32-то коло против Тотенхем. Избраниците на Јирген Клоп до трите бода стигнаа на драматичен начин, односно со авто-гол на гостите во последната минута од регуларните 90, и така ги одржаа во живот шансите за шампионската титула во Премиер лигата.
Домаќините рано поведоа со погодокот на Роберто Фирмино во 16-тата минута, а Тотенхем за израмнуваќкиот гол се избори во 70-тата минута кој го постигна Лукас. „Петлите“ имаа голема шанса да направат комплетен пресврт во последните неколку минути од средбата. Сепак, одлучувачкиот гол припадна на „црвените“, а Алдервирелд по мешаницата пред голот на Лорис сам ја смести топката во мрежата и така Ливерпул дојде до посакуваните три бода.
По ова коло, Ливерпул останува на врвот на табелата со 79 бода, два повеќе од шампионот Манчестер сити, кој има натпревар помалку. Тотенхем со 10-от овосезонски пораз останува на третото место, меѓутоа позицијата им е загрозена бидејќи Манчестер јунајтед исто така има 61 бод, но полоша гол-разлика.