Алегри: Ако се пласираме во ЛШ и со минус 15 бодови, тоа би било како да сме освоиле три титули!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, не верува дека Старата дама има реални шанси да се пласира во Лигата на шампионите доколку остане казната со одземени 15 бода, а ако успеат во тоа, би било чудо и подвиг како да освоиле три скудета во Серија А.

Во моментов Јувентус е седми на табелата со 12 бодови помалку од четвртиот Милан, а утре Бјанконерите гостуваат кај Рома.

„Борбата за ЛШ е невозможна за нас. Имаме 50 бодови освоени на терен, со толку би биле втори, но не треба да ги гледаме првите четири, бидејќи се многу пред нас. Да се пласираме во ЛШ после одземени 15 бодови, би било како да сме освоиле не една, туку три титули” – рече Алегри.

- Оглас -

Најнови вести