По синоќешниот пораз од Лацио, освојувањето на титулата за Милан станува невозможна мисија, па приоритет на тимот веќе не е Скудетото, туку да останат во топ 4 на табелата и да играат во Лигата на шампионите следната сезона.
Росонерите во моментов се поблиску до петтото место (води во Лигата на Европа) отколку до првото. Лидерот Интер им бега осум бода, а од петтиот Јувентус имаат седум бода повеќе.
„На Лацио му се вратија навивачите на стадион, знаевме дека ќе биде тешко. Во првото полувреме многу грешевме, а во второто бевме подобри, но не дадовме гол. Мора да го стиснеме копчето за ресетирање. По победата над Интер, луѓето зборуваа за освојување на титулата, но треба да се биде реален во животот. Наша цел е да се пласираме во Лигата на шампионите, во спротивно, ризикуваме да го уништиме тоа што го градевме претходните шест месеци. Има уште многу да се игра, а Јувентус е само седум бода зад нас“, рече тренерот Масимилијано Алегри.

