Алегри даде зелено светло, Роналдо пред бомбастичен трансфер

Повеќе италијански медиуми тврдат дека Масимилијано Алегри, старо-новиот тренер на Јувентус, дал зелено светло за продажба на Кристијано Роналдо.

Бјанконерите наводно се во преговори со ПСЖ околу продажба на португалската мегаѕвезда и би прифатиле сума до 30 милиони евра со цел да се ослободат од големата плата на Роналдо. Ексѕвездата на Јунајтед и Реал е најплатен во Италија со 31 милион евра по сезона и има уште една година од договорот со торинскиот гигант, но речиси сигурно летово ќе се сели од таму.

Има опција Јувентус да го побара Мауро Икарди во директна размена за 36-годишниот капитен на Португалија, по која Светците може да креираат неверојатно опасен напад заедно со Мбапе и Нејмар.

ПСЖ не е единтвениот гигант кој се интересира за Роналдо, наводно и Манчестер јунајтед ја разгледува опцијата да го врати на „Олд Трафорд“ по 13 години, но францускиот вицешампион засега е поблиску до потписот на Кристијано.

- Оглас -

Најнови вести