Јувентус изненадувачки доживеа елиминација од Вилјареал, и тоа убедлива по поразот на домашен терен од 3:0.
Тренерот на италијанскиот великан, Масимилијано Алегри, вели дека не би ги променил пристапот и формацијата доколку пак би играле против Вилјареал.
„Навистина игравме одлично во период од 65 минути, а во еден момент гостите ги имаа ставено сите фудбалери во одбраната. Таков е фудбалот, некогаш среќата те сака, друг пат не е така.
Доколку пак би играле против Вилјареал, не би го променил ниту пристапот ниту формацијата.
Имавме шанси во првото полувреме, не ги искористивме и казната стигна“, изјави Алегри.