Победата на Милан над Интер од 1-0 во дербито на 12-тото коло од Серија А му донесе голем јубилеј на тренерот Масимилијано Алегри, ова беше негова 100-та победа на чело на Росонерите.
Алегри, кој има 58 години, стана седмиот тренер кој победил барем на 100 натпревари со Милан во сите натпреварувања.

Претходно 100+ победи на клупата на Милан имале големи имињ,а како Карло Анчелоти, Нерео Роко, Фабио Капело, Стефано Пиоли, Нилс Лидхолм и Ариго Саки, а сега им се приклучи и Алегри, кој го презеде Милан во мај 2025 година, откако претходно работеше во клубот и од 2010 до 2014 година.

