Италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри е еден од кандидатите за селектор на српската репрезентација, објавија некои италијански медиуми.
Актуелен селектор на српската репрезентација е Драган Стојковиќ, но има неофицијални најави дека Фудбалскиот сојуз на Србија планира да го отпушти 59-годишниот Пикси по незадоволителните резултати на ЕП 2024.
Алегри е слободен по разделбата со Јувентус, а има работено со Душан Влаховиќ и Филип Костиќ, што го прави привлечен за предводник на српската селекција.
Сепак, други медиуми од Италија тврдат дека и ова е само обична шпекулација, како и онаа дека нов селектор на Србија може да стане Германецот Јоаким Лев.