Алегри е новиот тренер на Милан

Масимилијано Алегри е новиот тренер на Милан, потврдуваат италијанските медиуми. Со ова заврши потрагата по нов стратег на Росонерите, а пресуден за договорот беше новиот спортски директор Игли Таре, кој го убеди Алегри да се врати на „Сан Сиро“.

Алегри, кој доаѓа по една година пауза откако беше отпуштен од Јувентус, потпиша тригодишен договор со Милан вреден 5 милиони евра по сезона, со можност за дополнителни 2 милиони евра преку бонуси.

Ова е втор мандат на Алегри на клупата на Милан, по периодот од 2010 до 2014 година. Во тој прв мандат, го водеше тимот на 178 натпревари со биланс од 91 победа, 49 ремија и 38 порази. Под негово водство, клубот го освои последното Скудето во сезоната 2010/11 и Суперкупот на Италија во 2011 година.

Алегри ќе го замени Португалецот Сержо Консеисао, кој не успеа да ја стабилизира формата на тимот.

- Оглас -

Најнови вести