Алегри: Една грешка може да биде фатална за нас

Јувентус сезонава цели високо во Лигата на шампионите. Со доаѓањето на Кристијано Роналдо, тие се наметнаа меѓу главните конкуренти за титулата, но уште на стартот од групната фаза ги очекува тежок дуел против Валенсија, додека во групата Х заедно се со Манчестер јунајтед и Валенсија.

Предводникот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, пред мечот со „лилјаците“ вели дека неговите фудбалери мора да одиграат перфектно на тешкото гостување доколку сакаат на крајот од средбата да се радуваат на победа.

„Во Шпанија доаѓаме во добра форма, со четири победи од првенството, но тоа не треба да значи дека и против Валенсија ќе издвоиме позитивен резултат. Валенсија има доста искуство во ова натрпеварување, ќе сака да оди што подалеку, исто како и ние. Сигурен сум дека и тие ќе сакаат да тргнат со победа, особено што играат против нас пред нивна публика, на нивен терен, каде што воопшто не е лесно да се освојат бодови. Една грешка може да биде фатална за нас, да не чини триумф, затоа мора да одиграме на високо ниво, да не речам перфектно“, истакна Алегри пред мечот.

Натпреварот Валенсија – Јувентус е предвиден за вечер, со почеток од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести