Алегри ги „отпиша“ Рома и Интер од трката за титулата

Јувентус на перфектен начин ја започна и оваа сезона. Актуелниот италијански владетел има шест победи од шест меча и очекувано е лидер во Серија А. „Старата дама“ игра сигурно, а голем предизвик да остане со 100 отсотен учинок ќе има во сабота. Шампионот на домашен терен игра против Наполи, во дербито на седмото коло.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, добро ги познава квалитетите на „наполитанците“, кои ги смета за главни ривали во трката за Скудетото. Алегри очекува неизвесен дуел во сабота.

„Нашите мечеви секогаш биле комплицирани. Што и да се случи во сабота, ќе останат уште многу мечеви да се играат потоа. Долго е првенството. Наполи е одличен тим, а Анчелоти ја дава потребната смиреност во нивната игра. Тие дефинитивно се нашиот најголем ривал“, вели Алегри, кој едноставно ги отпиша Рома и Интер како кандидати кои може да се борат за титулата.

Наполи досега направи само еден кикс. Загуби на гости кај Сампдорија со 3-0, а во останатите пет меча се радуваше и поради тоа е на второто место на табелата. Дербито од седмото коло во Серија А се игра во сабота, со почеток од 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести