Милан и Јувентус одиграа 0:0 вчеравечер во дербито на Италија. Иако се очекуваа голови, на теренот немаше ниту една посериозна шанса за некоја од екипите да дојде до посериозна предност.
Тренерот на гостите, Масимилијано Алегри, е задоволен од резултатот и извадениот бод на ова гостување.
„Како што ја почнавме сезоната, овој бод против Милан за нас е премија, а се надевам дека со добрите игри ќе продолжиме и во февруари.
Мило ми е бидејќи момците играа како тим и одлично се бранеа и успеавме да го задржиме противникот на истата бодовна граница од седум бодови“, изјави Алегри.